Матрикс 5-5(3-1) Фабрика Карпош
Матрикс: Тони Брњарчевски 3”, Дамјан Крстевски 9” 16”, Драган Брњарчевски 33” 37”
Фабрика Карпош: Кире Крстевски 19” 40”, Виктор Јовановски 23”, Филип Илиевски 29” 31”
Динамично започна натпреварот помеѓу екипите на Матрикс и Фабрика Карпош. И двете екипи го започнаа овој меѓусебен суел максимално мотивидани. Се играше отворен фудбал во кој екипите преку контролирани напади вешто создаваа отворени чанси за гол. Во ваквата игра, Брњарчевски 3” кај Матрикс, со маестрален гол од невозможен агол, и донесе рано водство од 1-0 на својата екипа. Екипата на Фабрика Карпош играше цврсто и одлучно во делот на одбраната секоја пресечена топка се обидуваше да ја претвори во контра напад но во првата половина од првото полувреме, играта во предно поле не им тргна од рака. Екипата на Матрикс продолжи со притисокот во предно полеи и игра во која Крстевски со два гола прикажа одлична реализација и до 16” и донесе водство на Матрикс од 3-0. На минута до крајот на првото полувреме, Крстевски кај Фабрика Карпош при изведување на лободен удар постигна гол и сп кој ја намали предноста на Матрикс на 3-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош направи целосен притисок во предно поле што му овозможи да дојде до отворени шанси за гол. Во ваквата поставеност Фабрика Карпош ги искористи шансите па во самиот финиш од наптреварот дојде до израмнување на резултатот од 4-4. Во тие моменти екипата на Матрикс беше присебна и со одлично поставен напад, потпирајќи се на своето искуство успеа да дојде до водство од 5-4. Кога се се чинеше дека Матрикс ја има целосно контролата врз овој наптревар, Фабрика Карпош се обиде со голман-играч да дојде до реми. Ова му појде од рака буквално во последните 10 секунди од овој натрпевар кога во вистинска драма преку Крстевски 40” успеа да изедначи на 5-5, резултат со кој се заврши овој натпревар.