
Фабрика Карпош 5-6(1-3) Алкалоид
Фабрика Карпош: Никола Шишаковски 34’ Оливер Бошковски 16’ 33’ Лазар Божиновски 23’ 36’
Алкалоид: Стефан Димовски 38’ Синиша Петковски 2’ Дарко Петрушевски 17’ Христијан Ангеловски 26’ Кристијан Патров 5’ 21’
Одличен почеток на екипата на Алкалоид во дуелот со Фабрика Карпош, тие од самиот почеток успеаа да наметнат одлично темпо на игра и да дојдат до реализација во раната фаза. Со погодоци во 2та и 5та минута на Петровски и Патров Алкалоид успеаа да дојдат до предност од 0-2 што ја примора екипата на Фабрика Карпош да повика тајм аут и да направи тактички промени во својот состав. Оваа тактика вроди со плод па екипата на Фабрика Карпош со погодок во 16та минута на Бошковски успеа да намали на 1-2. Сепак до крајот на полувремето екипата на Алкалоид имаше подобра реализација па успеа на паузата да замине со предност од 1-3. Во второто полувреме екипата на Алкалоид имаше одличен почеток и брза реализација што им донесе предност од 1-4. Екипата на Фабрика Карпош ги косолидира своите редови внесе голман играч и успеа да ја стопи резултатската негатива до 34та минута успеаа да дојдат на само еден гол негатива со резултат од 4-5 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во 35та миута екипата на Фабрика Карпош успеа да израмни на 5-5 и атакуваа на целосен резултатски пресврт. Сепак екипата на Алкалоид успеа да искористи грешка во одбраната на Фабрика Карпош и на крајот од овој дуел да слави со 5-6.