Фабрика Карпош со одлична реализација до сигурна победа над Кромберг и Шуберт

Фабрика Карпош 8-2(4-0) Кромберг и Шуберт

Фабрика Карпош: Никола Шишковски 9’ 24’ Марјан Казаковски 17’ Кире Крстевски 25’ 35’ Оливер Бошковски 20’ Лазар Божиновски 19’ Виктор Јовановски 39’
Кромберг и Шуберт: Гоце Конески 34’ 36’

Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Фабрика Карпош и Кромберг и Шуберт. Екипата на Фабрика Карпош одлично го започна овој дуел со погодок во 9та минута успеа да дојде до резултатска предност од 1-0. Екипата на Кромберг и Шуберт играше цврсто и често се закануваше кон голот на противникот но изостануваше добра завршница, ова го искористи Фабрика Карпош за со одлична реализација да дојде до солидна предност од 4-0 на паузата. Во второто полувреме Фабрика Карпош продолжи со одлична игра и од минута во минута успеа да ја зголемува предноста. До крајот на натпреварот екпата на Кромберг и Шуберт успеа да реализира два гола но предноста која Фабрика Карпош ја стекна беше недостижна па на крајот славеше со 8-2.