
Халк Банка 3-5(2-2) Фабрика Карпош
Халк Банка: Апостол Ангеловски 10” 35”, Влатко Блажевски 11”
Фабрика Карпош: Филип Илиевски 19” 36”, Тони Котев 20”, Лазар Божиновски 28”, Никола Шишковски 33”
Со акцент на играта во одбраната започна дуелот помеѓу екипите на Халк Банка и Фабрика Карпош. И двете екипи играа цврст и сконцентриран фудбал, во кој успешно ги затвараа приодите кон сопствениот гол, и максимално се бодеа да го задржат поседот на топката со правиот момент за шут. Се играше израмент фудбал во кој мрежите и на двата гола висеа мирно цели 10 минуи.
На средината на првото полувреме кај Халк банка проработе дуото Ангеловски – Блажевски кои со два последувателни гола до 12” и донесао предност на својата екипа од 2-0. Натпреваров повторно влезе во егал фудбал во кој екипата на Фабрика Карпош повика тајм-аут, по кој нивниот тактички пристап во целост се промени кон офанзивен фудбал. Во ваквата игра Фабрика Карпош во завршните две минути од првото полувреме успеа да израмни на 2-2 преку дуото Илиевски – Котев.
Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош продолжи онаму каде што застана на полувремето, со офанзивен фудбал и одлична реализација во 26” преку гол постигнат од Илиевски направи пресврт на 2-3, на кого за неполни две минути му се приклучи соиграчот Божиновски 28” со гол за водство на Фабрика Карпош од 2-4. Фабрика Карпош продолжи со притисок во предно поле и во 33” преку Шишковски дојде до водство од 2-5. Екипата на Халк Банка во тие моменти успешно се одбрани од напад на Фабрика Карпош и преку контра напад дојде до гол во реализација на Илиевски 36” со што резултатски се приближи до Халк Банка при резултат 3-5. Во завршните минути од второто полувреме екипата на Халк Банка остана присебна, успешно ги затвори сите приоди кон сопствениот гол, ја задржа предноста и на крајот славеше победа. Конечен резултат 3-5.