Фуркан Фетаи со хет-трик му донесе победа на LC Waikiki во дуелот со А1

А1 2-5(0-4) LC Waikiki

А1: Ненад Трајков 23”, Стефан Петровски 33”
LC Waikiki: Фуркан Фетаи 6” 10” 39”, Амир Идризи 19”, Мустафа Мустафа 20”

Екипата на LC Waikiki имаше маестрален почеток во дуелот со А1. LC Waikiki преку Фетаи Кој имаше одлична реализација со два гола во низа 6” и 10” успеа да му донесе водство на својот тим од 2-0. Екипата на А1 имаше одлично обработени акции, но изостана реализацијата со што му даде простор на LC Waikiki во самиот финиш од полувремето да постигне два гола во низа преку Мустафа и Идризи за 0-4 на полувремето.
Во второто полувреме екипата на А1 на самиот старт преку Трајков успеа да намали на 4-1. А1 ја превзеде иницијативата и во 33” преку Петровски ја намали предноста и дојде на само два гола негатива, 2-4, но LC Waikiki беше присебен и не дозволи целосен пресврт. LC Waikiki во своите редови го имаше Фуркан Фетаи кој постигна хет-трик и му донесе победа на својот тим од 2-5.