
ВДЛ Ван Хоол 6-6(5-0) Халк Банка
ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’ Давид Стојковски 8’ 36’ Влаентино Трајковски 11’ 16’ Стефан Станојковиќ 15’
Халк Банка: Дарко Крстевски 22’ 23’ 28’ 37’ Влатко Блажевски 26’ 34’
Одличен почеток за екипата на ВДЛ Ван Хоол во дуелот со Халк Банка тие уште на самиот старт на натпреварот се наметнаа ко фаворити и уште во 7та минута преку Стаменковски го отворија резултатот. Екипата на Халк Банка имаше неколку одлични обиди но ВДЛ Ван Хоол одлично ја поставија играта во одбраната и преку брзи контра напади го зголемуваа своето водство. Екипата на ВДЛ Ван Хоол го искоритсти тоа што Халк Банка беше со скратен состав па наметна високо темпо на игра и од минута во минута го зголемуваше водството кое на полувремето изнесуваше 5-0. Во второто полувреме екипата на Халк Банка имаше фимско враќање во натпреварот, со два погодоци во низа на Крстевски успеаа да ја намалат резултатската негатива. Ова им даде дополнителен мотив да атакува на голот на противникот и од минута во минута успеаваа да ја топат резултатската негатива, а во 34та минута од полувремето дојдоа до израмнување на резултатот на 5-5 што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа да се одвои па екипите ги поделија бодовите при резултат од 6-6.