Халк Банка со одлична завршница да сигурна победа над Алма М

Халк Банка 6-2(3-0) Алма М

Халк Банка: Дарко Крстевски 24’ Мартин Дамевски 14’ Дејан Петковски 5’ Апостол Ангелоковски 5’ 39’ 40’

Одлично прво полувреме за екипата на Халк Банка во дуелот со Алма М, тие од самиот старт на натпреварот наметнаа високо темпо на игра што им донесе рано водство. Екипата на Алма М го коритеше својот голман како голман играч со цел да створи вишок во нападот, но екипата на Халк Банка одлично ја користеше оваа отворена игра за зголемување на резултатот. До крајот на полувремето екипата на Алма М не успеа да го изненади противникот па Халк Банка на полувремето замина со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Алма М успеа да ја намали резултатската негатива со погодоците на Арифовиќ, но екипата на Халк Банка не дозволи изненадување и со одлчина завршница ја осигура победата со резултат од 6-2.