Халк Банка со одлична игра во одбраната до победата над ЕВН

Халк Банка 5-2(5-2) ЕВН

Халк Банка: Алпер Тахир 3’ 8’ 11’ Ерсин Тахир 13’ Апостол Ангелковски 7’
ЕВН: Никола Атанасов 2’ 9’

Екипите на Халк Банка и ЕВН одлично го започнаа дуелот, екипата на ЕВН успеа уште во 2та минута да искористи грешка во одбраната на Халк Банка и преку Атанасов да стрела за рано водство од 0-1. По ова рано водство екипата на Халк Банка брзо возвртаи и преку Тајир успеа во 3та минута да израмни на 1-1, а во седмата минута преку Ангелковски успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. Како одминуваше екипата на Халк Банка успеваше да ги пронајде пукнатините во одбрната на противникот и преку Тахир успеа да го зголеми водството на 3-1. Екипата на ЕВН во 9та минута преку Вториот погодок на Тахир успеа да намали на само гол негатива., но до крајот на полувремето екипата на Халк Банка имаше подобра реализација и успеа на паузата да замине со солидна предност од 5-2. Во второто полувреме екипата на Халк Банка ја зацврсти играта во одбраната и не дозволуваше противникот да дојде до отворена позиција за удар. Ова ја примора екипата на ЕВН да направи тактички измени во својот состав и во игра да внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и почесто да се заканува кон голот на противниот. Екипата на Халк Банка го издржа притисокот и на крајот од овој дуел славеше со 5-2.

Играч на натпреварот: Алпер Тахир (Халк Банка)