Халк Банка со одлична реализација до победа над Glass LUX

Glass LUX 2-11(1-4) Халк Банка

Glass LUX: Мартин Цветковски 35’ Филип Стајковиќ 18’
Халк Банка: Дарко Крстевски 28’ Игор Стојановски 27’ 29’ Влатко Блажевски 1’ Мартин Дамевски 4’ 26’ Дејан Петкоски 3’ 7’ 24’ 37’ 38’

Одлично прво полувреме одигра екипата на Халк Банка во дуелот со Glass LUX, екипата на Халк Банка од самиот старт на натпреварот наметна високо темпо на игра. Ваквата игра на Халк Банка им донесе рано водство уште во првата минута со погодокот на Блажевски, ова им даде дополнителен мотив па за само неколку минути успеаа да го зголемат водството кое до 7та минута имаше предност од 0-4. Екипата на Халк Банка го смири темпото на игра, што и дозволи на екипата на Glass Lux почесто да се заканува кон голот на противникот. До крајот на полувремето екипата на Glass Lux успеа да реализира само еден погодок и да ја ублажи резултатската негатива на 1-4. Во второто полувреме екипата на Халк Банка продолжи со одлична игра и не дозволуваше противникот резултатски да се доближи со одлично поставена одбрана и брзи контра напади успеваше да ја зголемува резултатската предност. Екипата на Glass LUX не можеше да најде решение за расположените Халк Банка кои овој натпреваро го добија со резултат од 2-11.