Халк Банка 5-2(2-1) Аџибадем Систина
Халк Банка: Тигран Кандикјан 16’ Дарко Крстевски 33’ Влатко Блажевски 40’ Алпер Тахир 24’ Мартин Дамевски 11’
Аџибадем Систина: Даниел Боневски 4’ Златко Бошковски 23’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Аџибадем Систина, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој натпревар. Екипата на Аџибадем Систина во 4та минута успеа да го отвори резултатот со погодокот на Боневски, екипата на Халк Банка ги консолидира своите редови и преку Дамевски успеа да израмни на 1-1. Екипата на Халк Банка имаше одлична прилика од белата точка да дојде до целосен резултатски пресврт но не успеа во тоа. До крајот на полувремето екипата на Халк Банка сепак успеа да дојде до целосен резултатски пресврт со погодокот на Кандикјан па на паузата замина со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина вршеше силен притисок кон голот на Халк Банка кои одлично ја поставија својата одбрана и не дозволуваа лесни погодоци. Халк Банка со брзи контра напади успеваше да ги најде пропустите во противничката одбрана и ја зголеми својата предност за сигурна победа во овој дуел со резултат од 5-2.