Шпаркасе Банка со колективна игра до победа над Аптив

Аптив 3-6(2-3) Шпаркасе Банка

Аптив: Александар Марковски 11’ Дамјан Хрдличка 28’ Владимир Јовановски 15’
Шпаркасе Банка: Јован Касутевски 35’ Стојанчо Јосифовски 12’ Христијан Тодоровски 30’ Филип Чижбановски 8’ 24’ Никола Пановски 13’

Крајно динамично полувреме одиграа екипите на Аптив и Шпаркасе Банка, двете екипи во овој натпревар влегоа со силна желба за победа и фокусот го ставија на играта во нападот. Натпреварот го отвори екипата на Шпаркасе Банка по одлично одработен напад и погодокот на Чижбановски во 8та минута од натпреварот, по ова водство екипата на Аптив притисна кон противничкиот гол што и донесе израмнување во 11та минута од полувремето преку погодокот на Марковски за 1-1. До крајот на полувремето екипата на Шпаркасе Банка искористи повеќе од своите шанси па на паузата замина со предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Шпаркасе Банка продолжи со одлична игра и со вториот погодок на Чижбановски дојде до зголемување на предноста на 2-4. Екипата на Аптив ги консолидира своите редови ја врати контролата врз топката и во 28та минута со погодокот на Хрдличка повторно дојде до само еден гол негатива, по ова Аптив во игра внесе и голман играч со цел целосно резултатски да се врати во натпреварот. Сепак до крајот на натпреварот екипата на Шпаркасе Банка ја искористи отворената игра на Аптив за преку удари од далечина и брзи контра напади да ја осигура победат при резултат од 3-6.