Шпаркасе Банка со победа над Џојсон Сејфти Системс до влез во завршниот турнир

Џојсон Сејфти Системс 2-5(1-3) Шпаркасе Банка

Џојсон Сејфти Системс: Даниел Велјановски 28’ Младен Костески 15’
Шпаркасе Банка: Игор Каланоски 4’ 40’ Спасе Спасевски 10’ Стојнчо Јосифовски 23’ Христијан Тодоровски 18’

Во висок ритам на игра започна натпреварот помеѓу екипите на Џојсон Сејфти Системс и Шпаркасе Банка. Екипата на Шпаркасе Банка овој натпревар го започна со цврста и офанзивна игра и борба за влез во завршниот турнир, ваквата игра им донесе рано водство во 4та минута и зголемување на предноста на 0-2 во 10та минута. Екипата на Џојсон Сејфти Системс по оваа негатива се префрли на противничко поле и се обидуваше да дојде до поволна ситувација за погодок и намалување на разликата во што успеа во 15та минута. Но до крајот на полувремето направи грешки што Шпаркасе Банка ги искористи за водство од 1-3. Во второто полувреме екипата на Шпаркасе Банка продолжи со одличната игра и го затвори пристапот кон својот гол а преку контра напади успеа да дојде до предност до 1-4. Екипата на Џојсон Сејфти Системс иако вршеше константен притисок кон голот на Шпараксе Банка немаше сили за пресврт па го загуби овој натпревар со 2-5.