Фабрика Карпош – ГИМ 4-8(0-3) Окта
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 27’ 29’ 40’ Јован Јанковски 37’
Окта: Живко Котевски 8’ 34’ Александар Јовчевски 13’ 21’ 30’ Владислав Илиќ 6’ Иван Мицевски 24’ 28’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Окта. Екипата на Окта со одлична игра во ова полувреме прва го отвори резултатот во 6та минута од полувремето со погодокот на Илиќ, ова и даде дополнителна мотивација на екипата која до средината на полувремето успеа да дојде до солидна предност од 0-3. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со цврста и брза игра започна со силен притисок кон голот на Окта но изостануваше завршница. Екипата на Окта до крајот од полувремето не дозволи Фабрика Карпош – ГИМ да има лесна реализација па на паузата замина со предност од 0-3. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот но екипата на Окта имаше своја вечер и не дозволуваше противникот резултатски да се врати во натпреварот. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку Илиевски и Јанковски успеа да ја намали резултатската негатива но Окта не дозволи изненадување па на крајот од овој дуел слваше со 4-8.