ЈП Водовод во второто полувреме го скрши отпорот на Уни Банка

ЈП Водовод 6-2(1-1) Уни Банка

ЈП Водовод: Горан Николовски 24’ Стојанче Величковски 25’ Стефан Лазаревски 21’ 38’ Авни Ајвази 10’ 37’
Уни Банка: Јордан Ќирковиќ 8’ Ненад Саздовски 26’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЈП Водовод и Уни Банка на двете страни се играше егал натпревар и ниту една од екипите не можеше да постави игра со која резултатски би се одвоила. И двете екипи се обидуваа преку контра напади да дојдат до водство. Двете екипи до паузата успеаа да реализираат по една ваква шанса па на полувремето се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на ЈП Водовод одлично го постави нападот и најде слабост во одбраната на Уни Банка со што успеа да го скрши отпорот и на крајот да слави со убедливи 6-2.