ЈП Водовод преку контролиран напад до победа над Пивара Скопје

ЈП Водовод 7-2(2-0) Пивара Скопје

ЈП Водовод: Стојанче Ивановски 5’ 19’ 26’ Беким Авдулаи 24’ 26’ Јакуп Зекири 25’ Авни Ајвази 36’
Пивара Скопје: Делчо Кировски 30’ Александар Крстевски 33’

Екипата на ЈП Водовод одлично го отвори натпреварот со Пивара Скопје преку Ивановски кој по одлично изработениот напад успеа да изгради чиста позаиција преку која поентираше и ја доведе својата екипа до водство од 1-0. Екипата на Пивара Скопје играше одлично но шансите за гол не успеа да ги реализира со што му остави простор на Водовод да зголеми на 2-0 резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме екипата на ЈП Водовод продолжи во ист ритам и од минута во минута го зголемуваше водството, Пивара Скопје не успеваше да фати резултатски приклучок и во нивната игра беше воочливи многуте неискористени шанси за гол. Во ваквата игра ЈП Водовод успеа да го добие овој натпревар со 7-2