ЈП Дрисла немаше сили за целосен пресврт до Ван Хоол

ЈП Дрисла 3-5(1-4) Ван Хоол

ЈП Дрисла: Дени Стојановски 36’ Бесник Шакири 33’ Расим Исмани 9’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 6’ 20’ 23’ Филип Белчовски 17’ Владо Здравков 5’

Екипата на Ван Хоол одлично го започна натпреварот со ЈП Дрисла пред се благодарение на течната игра во нападот која преку брзи и чести проигрувања им овозможуваше да доаѓаат до отворена шанса за гол. Екипата на ЈП Дрисла не можеше да ги поврзе своите редови па така екипата на Ван Хоол замина на паузата со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на ЈП Дрисла успеа да заигра во висок ритам пред се благодарение на одбраната која им овозможуваше преку контра напади да дојдат до изгледни шанси за гол. Дрисла во ваквата игра го намали резултатот на 3-5 и успеа да фати резултатски приклучок , но Ван Хоол не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 3-5.