ЈП Дрисла рутинирано до победа над Гранит

Гранит 6-12(3-8) ЈП Дрисла

Гранит: Николче Глигуровски 11’ 37’ Дарко Петров 15’ Ненад Антовски 12’ Марио Петров 24’ 33’
ЈП Дрисла: Дени Стојановски 6’ 7’ 16’ Бесник Шакири 35’ 38’ 39’ Расим Исмани 7’ 9’ 19’ 20’ Игор Ѓорѓиевски 4’ 30’

Екипата на ЈП Дрисла со максимално сериозен пристап влезе во дуелот со Гранит, на самиот старт од натпреварот успеаа да го совладаат голманот на Гранит и лесно да дојдат до водство. Ова водство екипата ЈП Дрисла го искористи да игра по опуштено со брз проток на топка кој им овозможуваше да доаѓаат до отворени шанси за гол. Екипата на Гранит не можеше да се снајде во ваквата брза игра па го загуби полувремето со 3-8. Во второто полувреме екипата на ЈП Дрисла продолжи со иста игра не давајќи му простор на Гранит да фати ритам иако имаше обид со внесување на голман играч да наметне нешто побрза игра. Во преостанатиот дел од натпреварот екипата на ЈП Дрисла успеа рутинирано да го сочува водството и да го добие овој натпревар со 6-12