ЈСП и Сава Осигурвање ги поделија бодовите

Сава Осигурување 5-5(2-3) ЈСП

Сава Осигурување: Јовица Марковски 10’ 22’ 37’ Данило Апостолски 18’ Трајче Илиевски 39’
ЈСП: Тихо Фидановски 8’ 9’ 11’ 33’ 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипте на Сава Осигурување и ЈСП, прва до водство дојде екипата на ЈСП со погодокот на Фидановски во 8та минута, веќе следната минута стрелаше повторно за водство од 0-2. Следуваше одговор на екипата на Сава Осигурвање со погодкот на Марковски во 10та минута за резултат од 1-2. Во 11та минута екипата на ЈСП го зголеми водството на 1-3 со третиот погодок на денес расположениот Фидановски. До крајот на полувремето екипата на ЈСП имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 2-3. На стартот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување со погодокот на Марковски успеа да дојде до израмнување од 3-3. По ова израмнување двете екипи ставија фокус на својата одбрана и се водеше беспоштедна борба на секоја педа од теренот. Во 33та минута Фидановски успеа да искористи еден кикс во одбраната на Сава Осигурување и да ја доведе својата екипа до водство од 3-4. До крајот на натпреварот екипата на Сава Осигурување бркаше израмнување што и успеа во 37та минута за поделба на бодовите во овој натпревар.