ЈСП со победа го стартуваа пролетниот дел

Уника 0-15(0-7) ЈСП

ЈСП: Сашо Георгиев 34’ Љупчо Павловиќ 31’ Даниел Антовски 7’ 37’ Тихо Фидановски 7’ 9’ 26’ 27’ 38’ 39’ Гоце Крстевски 4’ 6’ Азем Бучи 14’ 15’ 26’

Првото полувреме од дуелот помеѓу Уника и ЈСП и припадна во целост на екипата на ЈСП која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра што и донесе висока предност од 0-5 уште во 9та минута. Екипата на Уника се обидуваше да ја пронајде својата игра како би влегла резултатски во овој натпревар но екипата на ЈСП не дозволи изненадување во ова полувреме кое го доби со високи 0-7. Во второто полувреме иста слика екипата на ЈСП ја контролираше играта, а екипата на Уника се обидуваше да ја намали високата негатива. Овој натпревар заврши со висока победа за екипата на ЈСП од 0-15