
ЈСП 5-1(3-1) ЕВН
ЈСП: Роберт Младеновски 8’ 23’ 38’ Љупчо Павловиќ 12’ Мартин Ливрински 19’
ЕВН: Хамза Јашари 17’
Новата сезона на Бизнис Лигата на Македонија ја отворија екипите на ЈСП и ЕВН, екипите уште од самиот почеток наметнаа висок ритам на игра кој во раната фаза од натпреварот донесе одлични шанси за погодок. Екипата на ЈСП прва ја превзема иницијативата и со погодок на Младеновски во 8та минута успеа да поведе со 1-0. По ова водство екипата на ЕВН започна со поотворена игра, но ЈСП одлично ги искористи пукнатините во одбраната на Противникот за зголемување на водството на 2-0. Во 17та минута екипата на ЕВН успеа преку Јашари да намали на 2-1 и кога се мислише дека со овој резултат ќе се замине на паузата екипата на ЈСП преку Ливрински успеа да зголеми на 3-1. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со одлична игра и од минута ја зголемуваше резултатската предност. Екипата на ЕВН не успеваше да најде против игра за расположените ЈСП. До крајот на натпреварот екипата на ЈСП ја одржуваше предноста и успеа на крајот од овој дуел да слави со 5-1.
Играч на натпреварот: Роберт Младеновски (ЈСП)