ЈСП ја сочува предноста и славеше над Гранит

ЈСП 4-2(2-1) Гранит

ЈСП: Сашо Георгиев 3’ Филип Димовски 20 ‘ 25’ 37’
Гранит: Александар Вељановски 14’ 38’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Гранит, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со високо темпо на игра. Екипата на ЈСП прва го отвори резултатот со погодокот на Георгиев во 3та минута од полувремето, ова рано водство ја мотивираше екипата на ЈСП да продолжи со одличната игра. Сепак кон средината на полувремето екипата на Гранит успеа да искористи грешка во одбраната на ЈСП и да дојде до израмнување од 1-1 со погодокот на Вељановски. И кога се чинеше дека на полувремето ќе се замине со израмнет резултат екипата на ЈСП преку Димовски успеа да го изненади противничкиот голман па на паузата замина со минимална предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Гранит константо го појачуваше темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на ЈСП, сепак оваа отворена игра на Гранит ја искористи Димовски за во 25та минута на својата екипа и донесе предност од 3-1. Во финишот од натпреварот екипата на Гранит се обиде со голман играч да дојде до намалување на резултатот но екипата на ЈСП одлично ја постави одбраната ја сочува својата предност и на крајот славеше со 4-2.