
Glass Lux 7-8(3-4) УНИКА
Glass Lux: Александар Ристовски 9” 30”, Далибор Костовски 11” 27” 36”, Мартин Цветковски 20” 40”
УНИКА: Еким Љута 2” 8” 15” 19”, Шабан Чупи 21”, Арбен Нухиу 23” 39”, Рони Адеми 27”
Дуелот помеѓу екипите на Glass Lux и УНИКА го отвори екипата на УНИКА во раната даза од натпреварот, уште во 2” со гол во реализација на Љуто со што екипата на УНИКА поведе со резултат 0-1. Се играше егал се до 8” кога УНИКА повторно со гол во реализација на Љута дојде до водство од 0-2. Во тие моменти екипата на Glass Lux ги консолидира своите редови и заигра по офанзивно. Ваквиот офанзивен пристап вроди со плод до 11” кога дуото Ристовски-Костовски постигнаа два гола за Glass Lux и израмнување на 2-2. Уника вечерва го имаше во своите редови расположениот Љута кој до крајот на првото полувреме го дуплира водството на својата екипа на 2-4. Во завшните моменти од првото полувреме Glass Lux преку Цветковски 20” успеа резултатски да се приближи до УНИКА со резултат на полувремето 3-4.
Во второто полувреме бевме светоци на еден вистински дерби натпревар, и двете екипи наметнаа динамично темпо на игра. Се играше гол за гол и ниту една од екипите не дозволуваше резултатски да се одвои од другата. Во завршните мигови од овој дуел, екипата на УНИКА се чинеше дека имаше по дебели нерви, и во последните моменти од натпреварот со гол во реализација на Нухиу постигна предност, па на крајот славеше со резултат 7-8.