Џонсон Мети со одличен финиш до победа над ЈСП

ЈСП 2-4(1-2) Џонсон Мети

Џонсон Мети: Бојан Дејановски 2′ 35′ 38′ Благоја Божиновски 3′
ЈСП: Сашо Георгиев 24′ Гоце Ристевски 8′

Прво полувреме во жесток ритам на игра одиграа екипите на Џонсон Мети и ЈСП, на самиот старт од натпреварот екипата на Џонсон Мети успеа да постигне два погодоци за водство од 2-0. Екипата на ЈСП по негативата на стартото од полувремето се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок за да дојде до резултатски приклучок што им успеа во 8та минута од натпреварот. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети одолеваше на притисокот на ЈСП и успеа да го сочуваводството од стартот на полувремето па паузата замина со предност од 2-1. Во второто полувреме двете екипи продолжија со истиот стил на игра, пожртвувано за секоја топка по целиот терен, двете екипи повеќе внимаваа на својот гол и играчите се обидуваа со удари од далечина да направат нешто повеќе. Како се ближеше крајот и сите очекуваа поделба на бодовите екипата на Џонсон Мети за две минути успеа да постигне два гола да направи резултатска предност за победа на овој дуел од 2-4.