Џојсон Сејфти Системс и Сава Осигурување ги поделија бодовите

Џојсон Сејфти Системс 4-4(1-2) Сава Осигурување

Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 24’ 40’ Нерди Бајрами 22’ Живко Стојковски 12’
Сава Осигурување: Данило Поповски 11’ Трајче Илиевски 14’ 37’ Данило Апостолски 39’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Џојсон Сејфти Системс и Сава Осигурување помина во мирен ритам без многу шанси за погодок и на двете страни, двете екипи беа фокусирани на својата одбрана. Како одминуваше времето двете екипи го засилија темпото на игра што донесе и погодоци, во 11та минута екипата на Сава Осигурување дојде до водство со погодокот на Поповски следуваше брз одоговор на екипата на Џојсон Сејфти Системс во 12та минута за израмнување на 1-1. Неколку минути подоцна, односно во 14та минута екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството на 1-2, резултат со кој се замина на полувремето. Екипата на Џојсон Сејфти Системс имаше одличен старт во второто полувреме па со два погодоци во 22та и 24та минута успеа да направи целосне резултатски пресврт. По ова екипата на Сава Осигурување ја превзеде улогата на екипа која брка израмнување, во тоа успеа во 37та минута со погодокот на Илиевски и да ја направи интересна оваа завршница. Во ваквата интересна завршница екипите ги поделија бодовите со резултат од 4-4.