Џојсон Сејфти Системс со одлично второ полувреме до победа над Рамстор

Рамстор 1-8(1-1) Џојсон Сејфти Системс

Рамстор: Фиркан Муртезан 5’
Џојсон Сејфти Системс: Жика Стојкоски 11’ 36’ Борче Аргилоски 21’ Анастас Секуловски 26’ Вецко Вренцоски 30’ 35’ 38’ 40’

Во последниот натпревар од шестото коло на Бизнис Лигата силите ги одмерија екипите на Рамстор и Џојсон Сејфти Системс, двете екипи во овој натпревар влегоа мотивирани и со брзо темпо на игра се бореа за топка на секој дел од теренот. Прва до водство дојде екипата на Рамстор која преку полу контра и погодок на Муртезан дојде до 1-0, по ова водство на Рамстор екипата на Џојсон Сејфти Системс притисна кон голот на Рамстор со цел да дојде до израмнување. Во 10та минута од полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс со погодокот на Жика Стојкоски дојде до израмнување на 1-1, до крајот на полувремето двете екипи имаа по неколку одлични шанси за погодок но имаа слаба реализација па на паузата се замина со 1-1. Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс продолжи со питисокот кон голот на Рамстор и во 21та минута успеаа да направат целосен пресврт на овој натпревар. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор се обидуваше со офанзивна игра резултатски да се врати но Џојсон Сејфти Системс ја искористи оваа офанзивна игра за преку контра напади да ја осигура победата во овој дуел со резултат од 1-8.