Дуото Жерновски – Анакијев ја водеа Корпа до победа над Халк Банка

Корпа 8-3(3-2) Халк Банка

Корпа: Даниел Жерновски 11’ 17’ 18’ Кристијан Велковски 38’ Илчо Мојсовски 35’ Никола Спасевски 29’ Мартин Анакијевски 37’ 40’
Халк Банка: Алпер Тахир 9’ 24’ Мартин Дамевски 4’

Одличен почеток за екипата на Халк Банка во дуелот со Корпа, тие со брзо темпо и рано водство во 4та минута преку погодокот на Дамевски го отворија резултатот. На дамески му се приклучи и Тахир за водство од 0-2. Екипата на Корпа во своите редови го имаше расположениот Жерновски кој со хет трик во првото полувреме не само што успеа да го израмни резултатот туку и донесе водство на Корпа од 3-2 резултат со кој се замина на паузата. На стартот на второто полувреме Тахир во редовите на Халк Банка со погодок во 24та минута успеа да израмни на 3-3, но екипата на Корпа со колективна игра успеаваше да дојде до отворени шанси за гол кои ги реализираше и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Халк Банка се обиде со голман играч да ја надомести негативата но времето беше сојузник на Корпа која го доби овој натпревар со 8-3.