Во рамките на десеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 12 натпревари
Лукоил со одлично второ полувреме до бодовите во дуелот со Уника
Екипата на Лукоил одлично го започна овој натпревар против екипата на Уника со погодок во 3та минута дело на својот голман Цветковски, по оваа негатива следуваа неколку пеколни минути од страна на екипата на Уника која успеа да постигне три погодоци и да направи целосен пресврт. Како одминуваше времето и се очекуваше екипата на Уника да го добие првото полувреме во последните две минути од полувремето екипата на Лукоил успеа да го врати водството и на полувремето замина со предност од 4-3. На стартот од второто полувреме еккипата на Лукоил преку Аврамовски го зголеми водството на 5-3. Екипата на Уника се обиде со промена на тактиката внесувајќи голман играч со цел да фати резултатски приклучок но екипата на Лукоил одлично ги затвори сите приоди до својот гол и го доби овој натпревар со 7-3.
Стрелци на головите беа:
Лукоил: Марјан Цветковски 3’ Александар Аврамовски 22’ Дејан Зиков 28’ Мартин Алаѓозовски 20’ Лоренцо Николовски 19’ 19’ 40’
Уника: Арбен Нухиу 15’ Бенјамин Граинца 9’ Даниел Стојковски 5’
Сава Осигурување ги искористи грешките во одбраната на Маркарт за победа
Екипата на Маркарт уште на самиот старт постигна погодок во дуелот со Сава Осигурвање, неколку минути подоцна во 5та минута уште постигна уште еден погодок за 2-0. По оваа негатива екипата на Сава осигурвање направи неколку промени во играчкиот кадар ја пронајде својата игра и до крајот на полувремето успеа да направи целосен резултатски пресврт. На полувремето се замина со резултат од 2-4 во корист на Сава Осигурување. Во второто полувреме екипата Маркарт со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок, но екипата на Сава Осигурвање имаше целосна контрола врз играта и резултатот и рутинирано го заврши овој натпревар со победа од 5-8
Стрелци на головите беа:
Маркарт: Александар Ристовски 1’ 5’ Мартин Стојанов 26’ 37’ 38’
Сава Осигурување: Андреј Китановски 16’ 36’ Коста Глигуровски 23’ 28’ 39’ Јовица Марковски 2’ 3’ Трајче Илиевски 14’
Во градежното дерби Гранит беа поуспешни од Фабрика Карпош – ГИМ
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Гранит, на стартот екипата на Гранит имаше повеќе од играта што резултираше со водство од 2-0 веќе во 8та минута со двата погодоци на Мицев. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ истата минута успеа да постигне погодок со што успеа да фати резултатски приклучок, ова намалување на водствто им даде дополнителен мотив па се префрлија во противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Гранит. Екипата на Гранит одолеваше на притисокот на Фабрика Карпош – ГИМ, а преку контра напади успеваше да ги казнува за водство на полувремето од 2-3. Во второто полувреме екипата на Гранит продолжи со одлична игра недавајќи и простор на екипата на Фабрика Карпош да наметне свој ритам, од минута во минута Гранит го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше 3-8.
Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Славчо Мирчевски 18’ 40’ Љупчо Петрушевски 8’
Гранит: Стефан Тевдовски 17’ Дарко Стојановски 32’ Сашо Каровски – Џуме 29’ Николче Глигуровски 27’ Пепи Мицев 5’ 8’ 38’ Ристе Бошев 9’
# | Одиграни | Победи | Нерешени | Порази | ГД | ГП | +/- | Поени | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Матрикс | 24 | 23 | 1 | 147 | 52 | 95 | 69 | |
2 | Макпетрол | 24 | 18 | 3 | 3 | 158 | 75 | 83 | 57 |
3 | Лукоил | 24 | 17 | 3 | 4 | 143 | 90 | 53 | 54 |
4 | Џонсон Мети | 24 | 17 | 3 | 4 | 135 | 70 | 65 | 54 |
5 | Рамстор | 24 | 17 | 2 | 5 | 126 | 84 | 42 | 53 |
6 | Еуро Табак | 24 | 17 | 1 | 6 | 146 | 100 | 46 | 52 |
7 | Сава Осигурување | 24 | 16 | 3 | 5 | 154 | 111 | 43 | 51 |
8 | Уника | 24 | 16 | 2 | 6 | 156 | 113 | 43 | 50 |
9 | Македонски Телеком | 24 | 14 | 3 | 7 | 96 | 87 | 9 | 45 |
10 | ЕВН | 24 | 12 | 3 | 9 | 124 | 109 | 15 | 39 |
11 | Гранит | 24 | 12 | 2 | 10 | 167 | 152 | 15 | 38 |
12 | Аџибадем Систина | 24 | 12 | 2 | 10 | 129 | 139 | -10 | 38 |
13 | Вип | 24 | 12 | 2 | 10 | 112 | 94 | 18 | 38 |
14 | Алкалоид | 24 | 10 | 5 | 9 | 122 | 103 | 19 | 35 |
15 | С.Ц. Борис Трајковски | 24 | 9 | 4 | 11 | 102 | 112 | -10 | 31 |
16 | Фабрика Карпош - ГИМ | 24 | 10 | 1 | 13 | 101 | 118 | -17 | 31 |
17 | ЈСП | 24 | 7 | 4 | 13 | 111 | 122 | -11 | 25 |
18 | ЕЛЕМ | 24 | 8 | 1 | 15 | 98 | 122 | -24 | 25 |
19 | МЕПСО | 24 | 6 | 1 | 17 | 85 | 146 | -61 | 19 |
20 | L.C. Waikiki | 24 | 4 | 4 | 16 | 84 | 126 | -42 | 16 |
21 | Окта | 24 | 4 | 2 | 18 | 88 | 121 | -33 | 14 |
22 | Уни Банка | 24 | 3 | 2 | 19 | 76 | 135 | -59 | 11 |
23 | Маркарт | 24 | 3 | 1 | 20 | 89 | 124 | -35 | 10 |
24 | Пекабеско | 24 | 2 | 2 | 20 | 63 | 134 | -71 | 8 |
25 | Искрател Груп | 24 | 2 | 22 | 50 | 153 | -103 | 6 |
Ангеловски го водеше Вип до победа над ЕВН
Динамично прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Вип, првата фаза од полувремето и припадна на екипата на Вип која успеа да направи солидна предност од 0-4, но екипата на ЕВН во своите редови го имаше расположениот за игра Бадаловски кој успеа да постигне 3 гола со екипата на ЕВН успеа да фати резултатски приклучок. До крајот на полувремето екипата на Вип успеа да се одбрани од жестокиот притисок кој го наметнуваше екипата на ЕВН па го доби полувремето со резултат од 3-4. Во второто полувреме и двете екипи продолжија со висок ритам на игра, се редеа шанси и на двете страни. Екипата на Вип успеа да постигне два погодоци и повторно да се стекне со солидно водство. Екипата на ЕВн не се откажуваше лесно од овој натпревар па во 37та минута успеа да стигне до гол негатива и да ги направи последните минути вистинска драма. Сепак екипата на Вип успеа да ја сочува предноста и да го добие натпреварот со резултат од 6-7.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Наумче Бадаловски 12’ 16’ 18’ Бојан Симоновски 36’ Ајет Новобрдарија 37’ Драган Стојков 34’
Вип: Ненад Богдановиќ 8’ Мартин Ангеловски 7’ 8’ 23’ 26’ Мартин Тодоровски 29’ Никола Спасевски 10’
Окта со отворен фудбал до убедлива победа над Искрател Груп
Одлично прво полувреме за екипата на Окта во дуелот со Искрател Груп, тие уште на самиот старт наметнаа жестоко темпо на игра и се префрлија на противничката половина што резултираше со рано водство уште во 4та минута. По овој рано постигнат погодок следуваше канонада кон голот на Искрател Груп, екипата на Искрател груп не можеше да најде против игра за денес расположената Окта па на полувремето замина со негатива од 6-0. Во второто полувреме екипата на Искрател Груп се обидуваше со сите сили да ја најде својата игра и да се врати во дуелот, но екипата на Окта одлично ја постави својата одбрана и преку контра напади постојано го зголемуваше своето водство за победа од 10-1.
Стрелци на головите беа:
Окта: Драганчо Ѓрѓиевски 38’ 40’ Живко Котевски 7’ Александар Јовчевски 35’ Душан Босиљановски 12’ Един Скендеровиќ 4’ 15’ 18’ 27’ Виктор Ристовски 20’
Искрател Груп: Никола Велевски 22’
Македонски Телеком со сигурна игра до победа над Пекабеско
Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Македонски Телеком и Пекабеско помина во мирен ритам на игра без многу шанси за гол и на двете страни, играчите на двете екипи со соло акции и удари од далечина се обидуваа да го отворат резултатот. Како одминуваше времето екипата на Телеком ја превзема иницијативата се префрли на противничко поле вршејќи притисок кон голот на Пекабеско што резултираше со водство од 2-0 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Телеком успеа да постигне погодок за солидно водство од 3-0. Екипата на Пекабеско не се откажуваше од овој натпревар и со сите сили се обидуваше да го намали водството и да се врати во игра, но екипата на Телеком ја контролираше играта и не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со резултат од 3-1
Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Агрон Пацоли 18’ Гоце Филиповски 14’ Даниел Анчевски 25’
Пекабеско: Бобан Вујиќ 32’
Број на дрес | Играч | Број на погодоци | Екипа | |
---|---|---|---|---|
Група А | ||||
1 | 9 | Филип Илиевски | 4 | Фабрика Карпош - ГИМ |
4 | 8 | Матеј Јаневски | 3 | Glass Lux |
3 | 20 | Тони Брњарчевски | 2 | Матрикс |
4 | 8 | Марко Недевски | 2 | Транском |
5 | / | Бројан Чушевски | 2 | Џонсон Мети |
Група А | ||||
1 | 9 | Марко Неделковски | 6 | Bestway Solution |
2 | 15 | Дамјан Петревски | 5 | Тиквеш |
3 | 11 | Арбен Нухиу | 3 | УНИКА |
4 | 20 | Александар Крстевски | 2 | Кромберг & Шуберт |
5 | 6 | Мустафа Мустафа | 2 | LC Waikiki |
Аџибадем Систина со пресврт до победа над Еуро Табак
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и Аџибадем Систина, прва до водство дојде екипата на Еуро Табак во 7та минута. Одличната игра Еуро Табак ја круниса со уште еден погодок и водство од 2-0 во 14та минута, екипата на Систина направи неколку измени во својот тим со што ја пронајде својта игра и успеа да фати резултатски приклучок. Екипата на Еуро Табак во ова полувреме го имаше расположениот Јанковски кој со својот трет гол и донесе водство на својата екипа од 3-2, резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Систина успеа да постигне погодок за израмнување на резултатот па по ова следуваше вистинска бркотница на теренот. Во таквата отворена игра поснаодлива беше екипата на Систина која го доби овој натпревар со 5-7.
Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Мартин Ливрински 37’ Никола Зафировски 27’ Дејан јанковски 7’ 14’ 17’
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 25’ Игор Ѓоргиевски 33’ Бојан Саздовски 36’ Кристијан Димковски 35’ Мирослав Неделковски 15’ 17’ 40’
Екипата на Рамстор убедлива во дуелот со Уни Банка
Одличен старт за екипата на Уни Банка во дуелот со Рамстор, уште во првата минута со одличен погодок Петков го отвори резултатот за водство на Уни Банка. Следуваше брз одговор на екипата на Рамстор со двата погодоци на Мемед и целосен резултатски пресврт. Неколку минути подоцна екипата на Рамстор постигна погодок преку Муртезан за водство од 1-3. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка се обидуваше да го намали водството но екипата на Рамстор одлично ја постави играта не дозволи намалување на водството и успеа да постигне погодок за зголемување на водството на 1-4 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Уни Банка се обиде со промена на тактиката во игра внесе голман играч како би фатила резултатски приклучок, тие успеаа да створат неколку шанси но имаа слаба реализација а тоа екипата на Рамстор преку контра напади знаеше да го казни за висока победа на овој натпревар од 2-10
Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Ангел Пеков 1’ Александар Најдевски 40’
Рамстор: Енис Мурселов 23’ Фуркан Муртезан 7’ 16’ Ибрахим Бекир 38’ 39’ Михрем Мемед 4’ 5’ 40’ Горан Џугуманов 35’ Владимир Боцевски 27’
Матрикс со одличен финиш до победа над Џонсон Мети
Динамично прво полувреме во високритам одиграа екипите на Матрикс и Џонсон Мети, уште на самиот старт двете екипи се определија за офанзивен фудбал што донесе многу шанси за гол и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети во 6та минута, следуваше експресен одговор од страна на Матрикс уште во истата минута за израмнување на резултатот на 1-1. Во средината на полувремето Даиловски со мајсторски погодок успеа да и донесе водство на екипата на Матрикс од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети бркаше израмнување што им успеа во 17та минута со погодокот на Дејановски и резултат од 2-2 со кој се замина на полувремето. На стартот од второто полувреме екипата на Џонсон Мети преку својот голман Ристов успеа да го превземе водството, по ова екипата на Матрикс вршеше жесток притисок кон голот на Џонсон Мети па неколку минути подоцна успеа да дојде до израмнување. Финишот од натпреварот и припадна на екипата на Матрикс која со одлична игра успеа да направи целосен резултатски пресврт и да го добие натпреварот со 5-3.
Стрелци на головите беа:
Матрикс: Драган Брњарчевски 28’ 34’ Петре Даиловски 6’ 11’ 39’
Џонсон Мети:Бојан Дејановски 6’ 17’ Бобан Ристов 26’
Макпетрол не дозволи изненадување во дуелот со ЕЛЕМ
Одличен старт на екипата на Макпетрол во дуелот со ЕЛЕМ, со погодок уште во првата минута екипата на Макпетрол го отвори резултатот и најави ефикасно прво полувреме. Неколку минути подоцна екипата на ЕЛЕМ преку Станковски израмни на 1-1, до крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта своите шанси успеа да ги претвори во гол за водство на полувремето од 1-4. На стартот од второто полувреме екипата на ЕЛЕМ направи неколку промени во играчкиот кадар и промена на тактиката внесувајќи голман играч со цел да го намали високото водство на Макпетрол од полувремето, што вроди со плод и до 25та минута кога ЕЛЕМ дојде до еден негатива. До крајот на натпреварот екипата на Макпетрол успеа да го сочува водството и да го добие натпреварот со 3-6.
Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Павле Маџовски 25’ Златко Станковски 4’ Сенвет Реџепи 24’
Макпетрол: Бенер Бекировски 1’ 37’ Мишо Ѓорѓиевски 6’ 14’ Александар Мишоски 19’ 28’
Во израмнет натпревар Алкалоид и L.C. Waikiki ги поделија бодовите
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Алкалоид и L.C. Waikiki мина во мирен ритам во кој и двете екипи беа претпазливи и повеќе внимаваа на својот гол. Како одминуваше времето двете екипи го подигнаа темпото на игра и започнаа да се редат шанси и на двете страни. Екипата на L.C. Waikiki преку Дрпљанин во 11та минута го отвори резултатот, следуваше брз одговор од екипата на Алкалоид преку Љазми во 13та минута. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да створат по неколку шанси за погодок но не успеаа да реализираат, па на полувремето се замина со 1-1. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра и жестока борба на секоја педа од теренот, екипата на Алкалоид успеа во 28та минута да постигне погодок и да дојде до водство од 2-1. Во финишот од натпреварот екипата на L.C. Wakiki преку Фетаи успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот за да ги направи последните минути од натпреварот неизвесни. Во ваквата неизвесна завршница двете екипи ги поделија бодовите со резултат од 3-3.
Стрелци на головите беа:
Алкалоид: Сунај Љазми 13’ Николче Дамјановски 40’ Марко Марковски 28’
L.C. Waikiki: Џенгис Ахмед 38’ Фуркан Фетаи 34’ Армин Дрпљанин 11’
Екипата на ЈСП ја сочува предноста од полувремето во дуелот со МЕПСО
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и МЕПСО, на самиот старт и двете екипи започна со отворена игра па и од таму многу шанси за гол и на двете страни. Прва во водство дојде екипата на ЈСП во 4та минута, следуваше брз одговор од страна на МЕСПО со израмнување во 6та минута. До крајот на полувремето видовме многу атрактивни потези одлични шанси и прекрасни погодоци, во таквата игра поуспешна беше екипата на ЈСП која го доби полувремето со резултат од 5-4. Во второто полувреме и двете екипи во својата тактика применија голман играч што им овозможуваше повеќе простор за комбинација во фаза на напад. Во ваквата игра на надмудрување поуспешна беше екипата на ЈСП која го доби овој натпревар со резултат од 9-4
Стрелци на головите беа:
ЈСП: Дејан Блажевски 10’ Марјан Србиновски 17’ Љупчо Павловиќ 4’ 18’ Даниел Антовски 32’ 33’ 39’ Гоце Крстевски 6’ Сашо Ѓоргиевски 39’
МЕПСО: Александар Јоксимовски 6’ Тони Честојнов 8’ Диме Рошковски 13’ 20’
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Едни Скендеровиќ (Окта) 4 гола
– Мартин Ангеловски (Вип) 4 гола
– Михрем Мемед (Рамстор) 3 гола
– Даниел Антовски (ЈСП) 3 гола
– Петре Даиловски (Матрикс) 3 гола
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Мирослав Неделковски (Аџибадем Систина), Пепи Мицев (Гранит), Коста Глигуровски (Сава Осигурување), Лоренцо Николовски (Лукоил), Бенер Бекировски (Макпетрол), Дејан Јанковски (Еуро Табак)
Екипа на колото: Аџибадем Систина
Тренер на колото: Ѓорги Цветковски (Окта)
Голман на колото: Шеќо Личина (Окта)