Халк Банка 3-6(1-3) УНИКА
Халк Банка: Апостол Ангелковски 15” 37”, Филип Илиевски 35”,
УНИКА: Рони Адеми 1” 20”, Беким Љута 14”, Анди Нухиу 30” 39”, Арбен Нухиу 37”
Екипата на УНИКА одлично влезе во дуелот со екипата на Халк Банка, мошне мотивирано од самиот старт и со притисок во предно поле успеа да постигне гол преку Адеми за водство од 0-1. Во наредните минути и двете екипи прикажаа одлична игра, Халк Банка се обиде во неколку наврати преку брзи контра напади и добро изградени акции да запрети на голот на УНИКА но недостасуваше реализација. Во ваквата игра, во 14” Халк Банка со гол во реализација на Љута стигна до водство од 0-2, но за неполна минута Англековски 15” искористи грешка во одбраната на УНИКА и постигна гол за својот тим со што ја врати Халк Банка во игра. Екипата на УНИКА продолжи со притисок во предно поле и буквано во завршните секунди од првото полувреме постигна гол за водство од 1-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Второто полувреме започна со игра во исто темпо, се играше израмнет фудбал речиси цела прва половина од второто полувреме, без промена на резултатот. Динамиката на натпреварот се промени во 30” кога УНИКА со гол преку Анди Нухиу стигна до водство од 1-4. Во Тие моменти кај Халк Банка проработи дуото Ангелковски-Илиевски и со два гола го намалија водството на УНИКА на 4-3, но во истата минута Арбен нухиу во акција крунисана со гол успеа резултатски да ја одвои УНИКА над Халк Банка при резултат 3-5. Во завршната минута од овој натпревар Анди Нухиу со гол ја запечати победата на УНИКА во овој дуел, конечен резултат 3-6.