ЕВН со тимска игра до победа во дуелот со МРТ
МРТ 1-7(1-6) ЕВН
МРТ: Денис Салкович 15”
ЕВН: Никола Атанасов 2”, Филип Огненовски 6”, Вилијам Митев 7” 14”, Ајет Новобрдалија 17”, Бојан Симоновски 19”, Хамза Јашари 26”
Натпреварот помеѓу екипите на МРТ и ЕВН започна во пријателска атмосвера. И двете екипи прикажаа смирена и ферплеј играа уште од самиот старт. Се играше контролиран фудбал во делот на нападот со добро изградени акции и од двете страни. Во ваквата игра екипата на ЕВН прикажа подобра реализација, имено, со гол во 2” Преку Атанасов стигна до водство од 0-1. Екипата на МРТ во тие момети ги консолидира своите задни редови и успешно се бранеше во наредните пет минути, се до моментот кога кај ЕВН проработе дуото Огненовски – Митев кои со три последувателни гола до 14” го зголемија водството во полза на ЕВН на 0-4. Во тие моменти МРТ наметна по високо темпо на играта, особено во делот на нападот, и тоа вроди со плод во 15” со гол во реализација на Сакович, но ЕВН не губеше враме па за неполни две минути ја врати резултатската предност од четири голови при резултат 1-5, стрелец беше Новобрдалија 17”. Во завршните минути од првото полувреме Симоновски кај ЕВН го искористи празниот гол на МРТ и со шут од далечина постигна го во полза на својот тим за резултат на полувремето од 6-1
Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со одличната игра која ја прикажа во првото полувреме, па во 26” Јашари го зголеми водството на својата екипа на 1-7. Екипата на МРТ и покрај солидната игра во делот на нападот и бројните создадени шанси, не успеа да ги претвори истите во релизирани голови. Екипата на ЕВН остана смирен, ја задржа високата резултатска предност стекната во првото полувреме па на крајот славеше победа со резултат 1-7.