Дуото Стаменковски – Трајковски го водеа Ван Хоол до победа во дуелот со Киел

Киел 2-9(1-4) Ван Хоол

Киел: Мартин Михајловски 8”, Игор Савевски 23”
Ван Хоол: Валентино Трајковски 2” 11” 28”, Филип Никодиновски 13” Даниел Стаменсковски 16” 27” 38”, Иван Вукановски 26”

Екипата на Ван Хоол во раната фаза од овој наптревар преку Трајковски успеа да постигне гол и да дојде до водство од 1-0. Екипата на Киел беше добро поставена во делот на нападот и преку Михајловски успеа да израмни на 1-1. Во тие моменти екипата на Ван Хоол преше писебнам и играше својата препознатлива игра, и со притисок во предно поле успеа да постигне три гола за водство од 1-4 во 16”. Екипата на Киел иако беше со голман играч, не успеа да да дојде до реализација па на полувремето Ван Хоол замина со предност од 3 гола при резултат 1-4.
Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи со одличната игра. Играјќи отворен фудбал со изразен притисок во предно поле и беспрекорна реализација успеа да го дуплира водството стекнато во првото полувреме. Екипата на Киел се обиде со чести измени да го прати ритамот кој Ван Холл го наметна и да се врати резултатски во натпреварот но Ван Хоол потпирајќи се на своето искуство не дозволи изненадувања па славеше победа со конечен резултат 2-9,