Осврт на петото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на петото коло беа одиграни 13 израмнети и интересни натпревари полни со пресврти одлични индивидуални акции и прекрасни погодоци.

Екипата на Аптив со одлично второ полувреме до победа над Евн во првиот натпревар од колото

Динамично прво полувреме во висок ритам одиграа екипите на Евн и Аптив.Прва во водство дојде екипата на Аптив со погодок во 3та минута. Следуваше брз одговор од екипата на Евн со погодоци во 5та и 6та минута за целосен резултатски пресврт. По овие воведни погодоци се продолжи во висок ритам на игра а екипата на Евн имаше повеќе од играта, па на полувреме замина со предност од 3-2. Во второто полувреме видовме една многу поразиграна екипа на Аптив која го немаше кажано последниот збор во овој натпревар.Тие со сигурна игра во сите правци успеаа да дојдат до израмнување во 31та минута. Последните минути од натпреварот беа вистинска драма во која екипата на Аптив со погодок во 37та минута успеа да дојде до победата и да ги освои бодовите.

Стрелци на головите беа:
Евн : Виктор Валканчев 5’ Наум Бадаловски 6’ Вилијам Митев 8’
Аптив : Кире Стаматовски 3’ Дамјан Хрдличка 8’ Александар Марковски 31’ Иле Трајковски 37’

Рамстор со фуриозно второ полувреме дојде до победа над Лукоил

Екипата на Лукоил одлично го отвори натпреварот против екипата на Рамстор со двата погодока на Фенов во 4та и 5та минута.Ова рано водство за екипата на Лукоил ја примора екипата на Рамстор да се префрли на противничко поле и да врши притисок со цел да фати резултатски приклучок,но екипата на Лукоил одлично ја постави својата игра во одбраната и не дозволи изненадување па на полувреме замина со предност од 2-0.На стартот од второто полувреме екипата на Рамстор со погодокот на Муртезан успеа да ја намали негативата од полувремето.Веќе следната минута со голот на Зиков екипата на Лукоил отиде повторно на два гола позитива.Сепак екипата на Рамстор не се откажуваше лесно од овој натпревар и со мирна и умешна игра успеа да ја стопи предноста на Лукоил до 26та минута.Последните минути екипата на Рамстор ги одигра перфектно и со погодоците на Мемед во 32та и 38та успеа да дојде до победата.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Антонио Фенов 4’5’ Дејан Зиков 23’
Рамстор: Фуркан Муртезан 22’ Јахја Кадир 25’26’ Енгин Мемеди 32’38’

Велковски со хет-трик го водеше Џојсон Сејфти Системс до победа над Пекабеско

Првото полувреме од дуелот помеѓу Пекабеско и Џојсон Сејфти Системс во целост и припадна на екипата на Џојсон Сејфти Системс која со погодок во 4та минута го отвори резултатот за водство од 0-1.Во преостанатиот дел од полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс играше цврста одбрана и не остави простор за игра на екипата на Пекабеско што резултираше со водство на полувреме од 0-3.Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс продолжи во ист ритам со високо темпо на игра,екипата на Пекабеско во неколку наврати се обиде да фати резултатски приклучок но не успеа во таа намера па го загуби овој натпревар со високи 2-6.

Стрелци на головите беа:
Пекабеско : Александар Арсич 30’ Aлвин Бачко 31’
Џојсон Сејфти Системс: Марко Димовски 4’17’ Стефче Велковски 19’39’40’ Јован Манакоски 22’

Во израмнет натпревар ФК на глуви Слобода и ЈСП ги поделија бодовите

Првиот дел по полувремето во дуелот помеѓу ФК на глуви Слобода и ЈСП и припадна на екипата на ФК на глуви Слобода, тие уште на самиот старт наметанаа вискоко темпо на игра и ја превзедоа иницијативата што резултираше со погодок и водство од 1-0 во 8та минута. Екипата на ЈСП по оваа негатива започна со силен притисок кон голот на ФК на глуви Слобода со цел да дојде до израмнување, ФК на глуви Слободаодлично ја постави својата игра во одбраната и успеваше да одолее се до последната минута од полувремето кога екипата на ЈСП со голот на Павловиќ успеа да дојде до 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра се редеа шанси за погодок и на двете страни екипата на ЈСП беше таа која постигна погодок во 32та минута за целосен пресврт. Следуваше брз одговор на ФК на глуви Слобода со погодоците во 33та и 34та минута за повторно водство од 3-2. До крајот на натпреварот ЈСП успеа да постигне погодок за 3-3 и поделба на бодовите.

Стрелци на головите беа:
ФК на глуви Слобода: Милош Наумовски 34’ Самир Чеховиќ 8’ 33’
ЈСП: Лупчо Павловиќ 20’ Тихомир Фидановски 32’ 37’

А1 со сигурна игра дојде до победа над ЕЛЕМ

Одличен старт за екипата на ЕЛЕМ во дуелот со А1 со погодок во првата минута за водство од 0-1, овој рано постигнат погодок ја примора екипата ан А1 уште на самиот старт да наметне офанзивен стил на игра како би дошол до израмнување. Екипата на А1 со константен притисок успеа да го скрши отпорот на екипата на ЕЛЕМ во 9та минута со одличниот гол на Спасевски за израмнување на 1-1 а неколку минути подоцна точно во 11та минута за целосен резултатски пресврт. Екипата на ЕЛЕМ за брзо успеа да ги консолидира своите редови па возврати со погодок во 13та минута за повторно израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на А1 успеа да постигне погодок за водство од 3-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на А1 ја превзема иницијативата и од минута во минута го зголемуваше резултатот, екипата на ЕЛЕМ со својата кратка клупа немаше сила да и парира на бројната А1 па до 30та минута А1 дојдоа до сигурна предност од 6-3. ДО крајот на натпреварот ЕЛЕМ се обидуваше резултатски да се врати но во тоа не успеа па го загуби овој натпревар со 8-5.

Стрелци на головите беа:
А1: Мартин Тодоровски 20’ 22’ 27’ Никола Спасевски 9’ 12’ 30’ 40’ Иле Никодиноски 38’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 28’ Златко Станковски 13’ 38’ Бојан Јовановски 1’ 40’

Аџибадем Систина и Ван Хоол во неизвесен финиш ги поделија бодовите

Екипата на Аџибадем Систина одлично влезе во натпреварот против екипата на Ван Хоол и со погодокот на Ѓоргиевски во 4та минута успеа да дојде до предност од 1-0. По оваа негатива екипата на Ван Хоол се префрли на противничката половина и вршеше силен притисок што донесе резултат во 6та минута за израмнување на 1-1. Ова израмнување и даде дополнителен мотив да тргне уште пожестоко кон голот на Систина што им донесе целосен резултатски пресврт во 11та минута. До крајот на полувремето екипата на Аџибадем Систина беше таа која го бркаше резултатото а успеа со погодокот на Димковски да дојде до израмнување во последните секунди од полувремето на 2-2. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол со третиот погодок на својот голман успеа повторно да го превземе водството на 2-3. По ова екипата на Систина беше во улога на екипа која што го брка резултатот, со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување и фрли се на една карта. Екипата на Ван Хоол успеа да ја искористи таквата отворена игра на систина и со погодок во 31та минута да го зголеми водството на 2-4. Сепак екипата на Систина не се откажуваше од овој натпревар и со одлични завршни минути успеа да дојде до израмнување на 4-4. Во финишот од натпреварот екипата на Ван Хоол не успеа да реализира пенал и да ја однесе победата па екипите се задоволија со поделба на бодовите.

Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 20’ Игор Ѓоргиевски 4’ 35’ Мирослав Неделковски 34’
Ван Хоол: Антонио Петровски 6’ 11’ 25’ Даниел Стаменковски 31’

Во дербито на колото Макпетрол беа поуспешни од Еуро Табак

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и Макпетрол, прва до водство дојде екипата на Макпетрол со погодокот на Ѓоргиевски во 5та минута. Следуваше брз одговор од екипата на Еуро Табак испорачан преку Ливрински со два погодока во 7та и 8та минута за резултат од 2-1 и целосен резултатски пресврт. Екипата на Макпетрол брзо се врати по овој шок со вториот погодок на Шоргиевски 12та минута за израмнување на 2-2. До крајот на полувремето се продолжи во висок ритам на игра во кој и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра но екипата на Макпетролбеше поснаодлива па на паузата замина со предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак фрли се на една карта и тргна по израмнување, таквата отврена игра остави повеќе простор во одбраната што знаеше да го изкористи екипата на Макпетрол која од минута во минута го зголемуваше водството за на крајот да извојува победа од 3-7.

Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Филип Поповски 31’ Мартин Ливрински 7’ 8’
Макептрол: Мишо Ѓоргиевски 5’ 12’ 20’ 37’ Александар Мишоски 27’ Горан Николовски 38’ 40’

Џонсон Мети со тимска игра дојде до победа над МЕПСО

Интересно прво полувреме одиграа екипите на МЕПСО и Џонсон Мети, екипата на Џонсон Мети уште на самиот старт ја превзеде иницијативата и ја наметна својата препознатлива игра што уште на самиот старт односно во 3та минута им донесе водство од 0-1. Екипата на МЕПСО по оваа негатива со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Џонсон Мети со одлична игра во фаза на одбрана и напад не остави простор за игра па на полувремето замина со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на МЕПСО се обидуваше да фати резултатски приклучок, но скратениот ростер на играчи влијаеше врз темпото на игра, па така екипата на Џонсон Мети имаше полесна задача да ја сочува предноста и да го добие овој натпревар со 2-7.

Стрелци на головите беа:
МЕПСО: Диме Рошковски 15’ Далибор Христов 40’
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 3’ 5’ 8’ Љупче Спасовски 27’ Бобан Ристов 7’ 26’ Христијан Стојановски 40’

Во неизвесна завршница Окта дојде до бодовите во дуелот со Гранит

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Окта, уште на самиот старт на натпреварот двете екипи наметнаа високо темпо на игра па започнаа да се редат шанси за погодоци на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Гранит со погодок во 8та минута, екипата на Окта за брзо време успеа да се врати од овој шок и ги консолидираа своите редови па во 11та минута стигна и израмнувањето на 1-1. Екипата на Гранит веќе следната минута успеа да го превземе водството со погодокот на Глигуровски. До крајот на полувремето екипата на Окта бркаше израмнување кое успеа да го добие во 20та минута за 2-2 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Окта успеа да постигне погодок и да го превземе водството во натпреварот. По ова екипата на Гранит започна со поагресивна игра и тргна во нападот по израмнување, тие успеаа да создадат неколку шанси за израмнување но не успеваа да реализираат што екипата на Окта го казни за зголемување на предноста во 32та минута 2-4. Екипата на Гранит не се откажуваше од овој натпревар па со голот на Глигуровски во 37та минута успеа да се врати на гол негатива и да ја направи завршницата неизвесна. Во ваквата неизвесна завршница екипата на Окта успеа да ја сочува предноста и да го добие овој натпревар со 3-4.

Стрелци на головите беа:
Гранит: Николче Глигуровски 12’ 37’ Александар Димитровски 8’
Окта: Живко Котевски 20’ 22’ 32’ Александар Јовчевски 11’

Матрикс со сигурна игра во одбраната и нападот дојде до победа над Уни Банка

Екипата на Матрикс одлично го отвори дуелот со екипата на Уни Банка со погодок на Мирко Богевски во 2та минута од натпреварот. По овој рано постигнат погодок екипата на Матрикс започна уште пожестоко да напаѓа кон голот на Уни Банка па веќе во раната фаза од натпреварот имаше комотно водство. Екипата на Уни Банка вредно работеше на сите можни начини се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Матрикс со сигурна игра во фаза на одбрана не дозволи изненадување и на полувреме замина со предност од 7-0. Во вторто полувреме се продолжи во висок ритам на игра, а екипата на Уни Банка беше таа која го бркаше резултатот. Тие правеа чести промени во тактиката во обид да најдат против игра за денес расположената екипа на Матрикс, сепак екипата на Матрикс прикажа сигурна игра и со одличен напад и одбрана без поголеми проблеми дојде предност недостижна за Уни Банка и победа од 14-4.

Стрелци ан головите беа:
Матрикс: Петре Даиловски 9’ 11’ 23’ 30’ 32’ Дарко Цветковски 28’ 29’ 34’ Мирко Богески 2’ 19’ 40’ Ивица Алампиоски 20’ Симеон Коцевски 18’ 20’
Уни Банка: Владислав Хаџидинев 39’ Ангел Петков 37’ 39’ Ненад Саздовски 22’

Водовод беа убедливи во дуелот со Уника

Интересно прво полувреме одиграа екипте на Водовод и Уника, екипата на Уника одлично го отвори овој натпревар со погодок во 4та минута за погодок од 0-1. По оваа негатива екипата на Водовод се префрли на противничко поле и изврши силен притисок што за само неколку фуриозни минути успеа да постигне 6 погодоци и да создаде комотно водство во првото полувреме. На полувреме се замина со резултат 7-2. Во второто полувреме иста слика екипата на Водовод го диктираше темпото на игра и покрај сите обиди да фати резултатски приклучок екипата на Водовод од минута во минута го зголемуваше водството за на крајот да извојува висока победа од 16-3.

Стрелци на головите беа:
Водовод: Стефан Вангелски 12’ 14’ 30’ Авни Ајвази 8’ Јакуп Закири 39’ 40’ Стојанче Величковски 6’ 35’ 39’ Стефан Лазарески 8’ 11’ 24’ Сашо Каровчевиќ 32’ 38’ Столе Ивановски 5’ Рамај Газмент 29’
Уника: Васко Кокаланов 4’ 40’ Сашо Јакимовски 14’

Телеком со одлично второ полувреме дојде до победа над Сава Осигурување

Возбудливо прво полувреме во висок ритам одиграа екипите на Македонски Телеком и Сава Осигурување, екипата на Сава Осигурување успеа прва да дојде до водство во 6та минута по еден кикс на целокупната одбрана и голманот на Телеком. По ова водство екипата на Сава Осигурување се повлече на својата половина а екипата на Телеком започна со жесток притисок кон голот со цел да дојде до израмнување што им успеа во 9та минута. Во средината на полувремето екипата на Телеком успеа да реализира еден контра напад за водство од 2-1 и целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување беше таа која го бркаше резултатот и успеа во последната минута од полувремето да постигне погодок за 2-2 на паузата. На стартот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да го превземе водството на 2-3, но екипата на Телеком за само неколку минути успеа да постигне два погодоци и да дојде до предност од 4-3. Екипата на Сава Осигурување повторно беше во позиција да го брка резултатот но тоа ја остави ранлива во одбраната што телеком го искористи за зголемување на предноста и победа од 6-3.

Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Стефан Наскоски 9’ 21’ 39’ Џенис 15’ Марко Узунов 27’ 37’
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 6’ 20’ Трајче Илиевски 21’

Фабрика Карпош – ГИМ со тимска игра до победа над ТАВ

Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ одлично го отвори натпреварот против екипата на ТАВ со погодок уште во првата минута. Овој рано постигнат погодок ја дефокусираше екипата на ТАВ, па екипата на Фабрика Карпош ја искористи таквата прилика и веќе во 10та минута имаше комотна предност од 0-3. Екипата на ТАВ со чести ротации на играчи и промена на тактиката се обидуваше да фати резултатски приклучок но не успеа во таа намера бидејќи екипата на Фабрика Карпош – ГИМ одлично ја постави својата игра во одбраната не дозволи изненадување па на полувреме замина со предност од 0-5. Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи со жесток притисок кон голот на Фабрика Карпош, како би ја намалиле високата негатива од полувремето но екипата на Фабрика Карпош со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана имаше целосна контрола врз играта и резултатот па го доби овој натпревар со 1-9.

Стрелци на головите беа:
ТАВ: Ријат Сулејмани 30’
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 18’ Кристијан Панев 9’ 34’ 40’ Виктор Ристовски 10’ 23’ Тони Котев 28’ Филип Илиевски 1’ 19’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Петре Даиловски (Матрикс) 5 гола
– Мишо Ѓоргиевски (Макпетрол) 4 гола
– Никола Спасевски (А1) 4 гола
– Живко Котевски (Окта) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

Стефче Велковски (Џојсон Сејфти Системс), Кристијан Панев (Фабрика Карпош -ГИМ), Филип Илиевски (Фабрика Карпош – ГИМ), Стојанче Величковски (Водовод), Дарко Цветковски (Матрикс), Мирко Богески (Матрикс), Симеон Коцевски (Матрикс), Бојан Дејановски (Џонсон Мети), Стефан Насковски (Македонски Телеком), Стефан Лазарески (Водовод), Стефан Вангелски (Водовод)

Екипа на колото: Окта
Тренер на колото: Ѓорѓи Цветковски (Окта)
Голман на колото: Антонио Петровски (Ван Хоол)