
Аџибадем Систина 5-8(3-5) А1
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 2’ Далибор Дамјановиќ 8’ 30’ Мартин Зимерковски 3’
А1: Иван Митревски 11’ 33’ Марко Недевски 7’ 20’ Давид Бачовски 3’ Виктор Славковски 13’ 38’ Кристијан Каруловски 29’
Одличен почеток за екипата на Аџибадем Систина во дуелот со А1, тие уште во втората минута успеаа да реализираат со погодокот на Димковски. Екипата на А1 по ова рано водство на противниот го подигнаа темпото на игра и започнаа со офанзивна игра која Систина ја искористи за преку брз контра напад да зголеми на 2-0. Екипата на А1 ги консолидира своите редови па до 7та минута со погодоците на Бачовски и Недевски успеаа да дојдат до израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на А1 успеа да дојде до целосен резултатски пресврт па на паузата замина со предност од 3-5. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на А1 одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесни погодоци. До крајот на натпреварот екипата на А1 ја сочува предноста и на крајот од овој дуел славеше со 5-8