Алкалоид сигурни во дуелот со Искрател Груп

Искрател Груп 5-14(3-8) Алкалоид

Искрател Груп: Ратко Иванов 40′ Влатко Иванов 10′ 26′ Бојан Ивановски 13′ 14′
Алкалоид: Оливер Христовски 3′ 5′ 12′ 18′ 27′ 30′ Даниел Митич 8′ 35′ Дениз Салкович 2′ Кристијан Арсковски 19′ Бобан Митевски 28′ Боби Тасев 38′ Адо Реџепович 40′ Даниел Ристески 16′

Екипата на Алкалоид во дуелот со Искрател Груп влезе мошне мотивирано и со сериозен пристап, уште на самиот старт со цврста одбрана и брзи контра напади успеа да стигне до резултатска предност. Кон средината на првото полувреме екипата на Искрател Груп преку Ивановски и Иванов успеа да го намали водството и да стигне до негатива од два гола. Алкалоид набрзо ги консолидира своите редови и преку расположениот за игра Христовски на полувремето успеа да замине со предност од 3-8. Во второто полувреме се беше во знакот на екипата на Алкалоид која ја имаше целосно контролата врз играта како во одбраната така и во нападот не давајќи и на екипата на Искрател Груп можност да се врати во натпреварот кој Алкалоид го доби со високи 5-14.