Арбен Нухиу во финишот од натпреварот и донесе победа на Уника во дуелот со Еуро Табак

Уника (4-3) Еуро Табак

Уника: Шабан Чупи 7′ 20′ Бенјамин Граинца 12′ Арбен Нухиу 15′ 39′ 40′
Еуро Табак: Дејан Јанковски 8′ Борче Стојанов 5′ Даниел Василевски 20′ Григориј Јовановски 29′

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уника и Еуро Табак, прва во водство дојде екипата на Еуро Табак во 5та минута. Екипата на Уника за кратко време успеа да спреми одговор и преку Чупи да израмни на 1-1. Екипата на Еуро Табак со одличниот погодок на Јанковски успеа да дојде повторно во водство, но по оваа негатива екипата на Уника направи неколку промени што вродија со целосен пресврт и водство од 4-3 водство кое успеа да го сочува до крајот на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра и со многу шанси за гол и на двете страни. Екипата на Еуро Табак вршеше притисок кон голот на Уника со цел да дојде до израмнување што им успеа во 29та минута, сепак екипата на Уника во своите редови го имаше расположениот Арбен Нухиу кој со два гола во 39та и 40та минута стави точка на натпреварот и и донесе победа на Уника од 6-4.