AXM 365 со одличен финиш до победата над Нетцетера

AXM 365 5-3(3-3) Нетцетера

AXM 365: Љупчо Наумовски 40’ Спасо Трендов 14’ Малик Хасановиќ 9’ 10’ 40’
Нетцетера: Ѓорѓи Марков 6’ Кирил Костов 10’ 12’

Ефикасно прво полувреме ни прикажаа екипите на АХМ 365 и Нетцетера, двете екипи со отворена и офанзивна игра го започнаа овој натпревар. Екипата на Нетцетера прва го отвори резултатот со погодкот на Марков во 6та минута од натпреварот, екипата на AXM 365 успеа да возврати со погодокот на Хасановиќ во 9та минута а истиот стрелаше и само минута подоцна за целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. Екипата на Нетцетера брзо возврати преку Костов и ирамни на 2-2. Костов стрелаше за Нетцетера во 12та минута за повторно водство од 2-3, екипата на AXM 365 преку трендов успеа да израмни на 3-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме двете екипи и прокрај одличната игра имаа слаба завршница па мрежите мируваа, голема заслуга за ова имаа и голманите кои одлично си ја вршеа својата задача. Екипата на AXM 365 во самиот финиш во последната минута од натпреварот со два погодоци на Наумовски и Хасановиќ успеа да дојде до водство од 5-3 и победа во овој дуел.

Играч на натпреварот: Малик Хасановиќ (AXM 365)