
Гранит 3-8(3-2) AXM 365
Гранит: Димитар илијевски 5’ Николче Глигороски 13’ 20’
AXM 365: Христијан Тодоровски 29’ Трајче Најдовски 21’ 24’ Љупчо Наумовски 25’ Спасо Трендов 34’ Малик Хасановиќ 1’ 6’ 40’
Одличен почеток за екипата на AXM 365 во дуелот со Гранит, тие уште во првата минута со погодокот на Хасановиќ успеаа да поведат со 0-1. Екипата на Гранит одговори во 5та минута со погодокот на Илиевски, но AXM 365 успеа преку вториот погодок на Хасановиќ да дојде до повторно водство од 1-2. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и се почесто доаѓаа до отворени шанси за погодок. Екипата на Гранит во 13та минута преку Глигороски успеа да дојде до израмнување на резултатот од 2-2. До крајот на полувремето екипите играа отворен фудбал екипата на Гранит успеа со вториот погодокот на Глигороски да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на AXM 365 продолжи со одлична игра па во 21та и 24та минута преку Најдовски со два погодоци успеа да зголеми на 3-4. Екипата на AXM 365 во второто полувреме прикажа одлична игра од минута во минута успеваше да ја зголемува резултатската предност, екипата на Гранит не успеваше да најде против игра за располежените AXM 365 кои преку одлична игра успеаа да дојдат до одлична реализација. На крајот на натпреварот AXM 365 успеа да слави со резултат од 3-8.
Играч на натпреварот: Малик Хасановиќ (AXM 365)