Bestway Solutions немаше сили за пресврт во дуелот со Корпа

Bestway Solutions 3-5(2-4) Корпа

Bestway Solutions: Марко Неделковски 17’ Никола Игњатовски 15’ Петар Стефановски 40′
Корпа: Кристијан Велковски 11’ 16’ Мартин Анакиев 4’ Никола Спасевски 17’ 39’

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Bestway Solutions и Корпа, двете екипи во овој натпревар влегоа со брза игра и акацент ставен на играта во нападот. Прва резултатот го отвори екипата на Корпа со погодокот на Анакиев во 4та минута а по неколку минути му се приклучи и Велковски за водство од 0-2. Екипата на Bestway Solutions возврати преку Игњатовски кој денеска беше во улога на голман играч, сепак Корпа продолжи со силен притисок и со погодоците на Велковски и Спасевски успеаа да дојдат до солидна предност од 1-4. Екипата на Bestway Solutions преку Неделковски успеа да ја намали разликата на 2-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Корпа ја симри играта се повлече во одбраната а шансата за зголемување на водството ја бараше преку контра напади. Екипата на Bestway Solutions вршеше константен притисок кон голот на Корпа но овие одлично ја сочуваа својата предност па на крајот славеа со 3-5.