Макстил 5-3(3-2) ЕВН
Макстил: Бојан Неделковски 26’ Мартин Лазев 15’ 40’ Мухамед Исмаилљи 1’ 4’
ЕВН: Ајет Новобрдалија 9’ 37’ Филип Стојановски 11’
Одилчен почеток за екипата на Макстил во дуелот со ЕВН тие уште на самиот почеток на натпреварот наметнаа високо темпо на игра што го изненади противникот и успеаа да дојдат до рано водство од 2-0. По ова брзо водство на Макстил екипата на ЕЛЕМ ги консолидира своите редови и успеа со погодокот на Новобрдалија во 9та минута да ја намали резултатската негатива на 2-1. Како поминуваше времето екипата на ЕВН го зголемуваше темпото на игра и во 11та минута успеа да го израмни резултатот на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Макстил успеа да дојде до повторно водство од 3-2 резултат со кој замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврст и израмнет фудбал, двете екипи со брзи транзиции се закануваа кон голот на противникот. Екипата на Макстил во 26та минута успеа со одличен погодок на Неделковски успеа да ја зголеми предноста на 4-2. Екипата на ЕВН успеа повторно да дојде на само гол негатива но Макстил одлично ја постави играта во одбраната не дозволи резултатски пресврт а во самиот финиш на натпреварот успеа да реализира и на крајот од овој дуел славеше со 5-3.