Искуството на Рамстор пресудно во дуелот со Маркарт

Рамстор 9-4(6-1) Маркарт

Рамстор: Ибрахим Бекир 3′ Михрем Мемед 11′ Аријан Цами 20′ Зоран Алексовски 17′ Виктор Глигуровски 4′ Ведат Арслан 8′ 22′ 27′ 40′
Маркарт: Александар Ристовски 23′ Пеце Стојанов 3′ 24′ 32′

Првото полувреме од дуелот помеѓу Рамстор и Маркат и припадна на екипата на Рамстор која уште на самиот старт успеа да направи солидна предност која умешно ја одржуваше до крајот на полувремето. Екипата на Маркарт со чести ротации во текот на целото полувреме се обидуваше да ја пронајде својата игра, тие успеваа да креираат одлични шанси за погодок но имаа слаба реализација што ги чинеше висока негатива на полувремето од 5-1. Во второто полувреме екипата на Маркарт со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување и фрлија се на една карта, нападот. Таквата отворена игра знаеше да ја казни екипата на Рамстор која преку контра напади од минута во минута го зголемуваше водството за на крајот да победи со убедливи 9-4.