LC Waikiki со одлична завршница до победата над Алма М

Алма М 4-7(1-4) LC Waikiki

Алма М: Муаз Алими 33’ Мухамед Муртезани 34’ Бесир Абдула 8’ 32’
LC Waikiki: Фуркан Фетаи 5’ 39’ Муаз Салихи 11’ 14’ 17’ 40’ Есер Сулејмани 28’

Одлично прво полувреме за екипата на LC Waikiki во дуелот со Алма М, тие уште во раната фаза на полувремето успеаа да наметнат одлично темпо на игра што им донесе водство 5та минута од 0-1. Екипата на Алма М во 8та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот со погодокот на Абдула и резултат од 1-1. До крајот на полувремето екипата на LC Waikiki имаше подобра реализација, екипата на Алма М имаше одлични шанси за реализација но голманот на LC Waikiki беше на ниво на задачата па не дозволуваше лесни погодоци. Екипата на LC Waikiki на полувремето замина со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на Алма М започна со силен притисок кон голот на противникот и од минута во минута почна да ја топи резултатската негатива. Па во 34та минута успеа да дојде до само еден гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на LC Waikiki успеа да ја искористи отворената игра на Алма М за победа во овој дуел со резултат од 4-7.