
Bestway Solution 1-11(1-2) LC Waikiki
Bestway Solution: Петар Стефановски 17”
LC Waikiki: Џемаил Рамадани 3” 33” 34″, Есер Сулејмани 19” 32″, Ергин Алими 23” 27” 39”, Фуркан Фетаи 25”, Зекилија Елези 40”, Мустафа Мустафа 40″
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Bestway Solutions и LC Waikiki. Двете екипи од самиот старт на натпреварот започнаа со цврста и офанзивна игра што донесе многу шанси на двете страни. Прва дојде до водство екипата на LC Waikiki во 3” минута од полувремето со погодокот на Рамадани, ова им даде дополнителен мотив да притиснат кон голот на противникот но оваа отворена игра ја искористи Bestway Solutions за во 17” минута преку Стефановски да дојдат до израмнување на 1-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на LC Waikiki успеа да го изненади противникот преку Сулејмани и на паузата да замине со предност од 1-2.
Во второто полувреме екипата на LC Waikiki продолжи со игра во висок ритам и со брзи контра напади често доаѓаше до изгледна позиција за гол што вешто го користеше за зголемување на водството. Екипата на Bestway Solutions иако имаше неколку одлични шанси не успеа да ја стопи предноста на LC Waikiki. До крајот на натпреварот екипата на LC Waikiki ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот славеше со високи 1-9.