LC Waikiki со пресврт до победата над Макстил

LC Waikiki 3-2(1-2) Макстил

LC Waikiki: Ергин Алими 22’ 29’ Исмаил Абдулах 6’
Макстил: Бојан Неделковски 4’ 5’

Цврсто и израмнето прво полувреме одиграа екипите на LC Waikiki и Макстил, двете екипи настапија со отворена и офанзивна игра што ни донесе возбудлив фудбал од самиот старт. Екипата на Макстил прва го отвори резултатот со погодокот на Неделковски во 4та минута и дојде до 0-1, а само минута подоцна истиот стрелаше за зголемување на водството на 0-2. Екипата на LC Waikiki брзо возврати преку Абдулах во 6та минута и намали на 1-2. Екипата на Макстил продолжуваше со силен притисок кон голот на LC Waikiki кои одлично го затвараа пристапот кон нивниот гол, а преку контра напади се обидуаваа да дојдат до израмнување на резултатот. Сепак до полувремето немаше промени на резултатот па на паузата се замина со 1-2. Во второто полувреме екипите продолжија со отворена игра, екипата на LC Waikiki со погодокот на Алими во 22та минута успеа да го израмни резултатот. По ова израмнување екипите ја зацврстија одбраната и започнаа со голман игрч да дојдат до предност во нападот и превземање на водството. Како одминуваше времето екипите ја зацврстуваа играта, е играше на раб на фаул, екипата на LC Waikiki во завршницата на натпреварот успеа да дојде до целосен резултатски пресврт со погодокот на Алими и победа во овој дуел со резултат од 3-2.

Играч на натпреварот: Исмаил Абдулах (LC Waikiki)