
Тиквеш 1-9(1-6) LC Waikiki
Тиквеш: Дамјан Петревски 6”
LC Waikiki: Ергин Алими 2” 10” 17” 23”, Фуркан Фетаи 4”, Џемаил Рамадани 16” 20”, Есер Сулејмани 27”, Муистафа Мустафа 40”
Натперварот помеѓу екипите на Тиквеш и LC Waikiki започна во динамичен ритам. И двете екипи граа брз и отворен фудбал со акцент на играта во предно поле. Во таквата игра прва до водство дојде екипата на LC Waikiki со гол во втората минута во реализација на Алими со што LC Waikiki дојде до водств од 0-1. За неполни две минути LC Waikiki овој пат преку Фетаи 4” повторно постигна гол за водство од 0-2. Во тие моменти екипата на Тиквеш ја консолидира својата игра, заигра поцврсто во делот на одбраната што му овозможи на Петревски 6” да искористи добро изграден контра напад и да постигне гол во полза во полза на својот тим за резултат 1-2. Во продолжение на првото полувреме екипата на LC Waikiki продолжи со одличната игра во предно поле, играше висок пресинг преку кој често доаѓаше до отворени шанси за гол. Во ваквата игра LC Waikiki успешно го искористи бројните шутови кон противничкиот гол и на полувремето замина со предсност од 1-6.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во идентичен ритам. Екипата на Тиквеш се обиде со чести измени од клупата да игра нешто по отворен фудбал како би можела резултатски да се врати во овој натпревер, но недостасуваше реализацијата. LC Waikiki беше приземна, играше контролиран фудбал и не дозволи да ја загуби резултатската предноста стекната во првото полувреме, па на крајот славеше победа со резузлтат 1-9.