
LC Waikiki 5-2(3-2) Кромберг и Шуберт
LC Waikiki: Есер Сулејмани 6” 32”, Адмир Халилович 11”, Фуркан Фетаи 20”, Мустафа Мустафа 26”
Кромберг и Шуберт: Милан Тодоровски 12”, Гоце Конески 8”
Натпреварот помеѓу екипите на LC Waikiki и Кромберг и Шуберт започна со брз и отворен фудбал. И двете екипи настапија максимално мотивирани уште од самиот почеток на натпреварот, играјќи борбено за секоја топка. И двете екипи играа цврто во делот на одбраната и не дозволуваа лесно пробивање кон сопствениот гол. Во ваквата игра прва до гол стигна LC Waikiki преку Сулејмани 6” за водство од 1-0, но Кромберг и Шуберт не губеше време па за неполни две минути преку Конески 8” израмни на 1-1. И двете екипи играа егал фудбал во кој преку брзи контра напади се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол. Во 11” LC Waikiki повторно дојде до водство од 2-1 со гол во реализација на Халилович но за неполна минута Тодоровски кај Кромберг и Шуберт повторно израмни на 2-2. Во завршните секунди од првото полувреме Фетаи постигна гол за водство на LC Waikiki од 3-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на LC Waikiki заигра цврст ово одбраната со што успеа да направи притисок во предно поле. Ваквата игра им овозможи да дојдат до контра напади кои во два наврати ги реализираа, прво преку мустафа 26” a потоа преку Сулејмани во 32”. Со овиа два гола екипата на LC Waikiki успеа да дојде до предност од 5-2. Во финишот од овој натпревар екипата на Кромберг и Шуберт се обиде со голман играч да се врати во овој напревар, но екипата на LC Waikiki остана пресебна, не дозволи изненадувањна и на крајот славеше победа со резултат 5-2.