LC Waikiki со тимска игра до победа над Гранит

Гранит 2-5(2-3) LC Waikiki

Гранит : Дарко Петров 3” 20”,
LC Waikiki: Фуркан Фетаи 8” 19”, Мустафа Мустафа 13”, Мустафа Ибраим 25”, Ергин Алими 26”

Екипата на Гранит во дуелот со LC Waikiki влезе со голман-играч во ростерот. Ваквата поставеност ја користеше како би можела да создаде играч плус во делот на нападот. Тоа и вроди со плод па во 3” Петров успеа да постигне гол и да дојде до водство од 1-0. Набрзо LC Waikiki уепа да ги консолидира својте редови, и најде против игра и со два гола кои ги постигнаа Фетаи 8” и Мустафа 13” направи пресврт на 1-2. Во самиот финиш од првото полувреме Фетаи 19” повторно со погодок успеа да го зголеми водството за LC Waikiki на 1-3, на што Петровски 20” кај Гранит веднаш возврати со одличен погодот, за резултат на полувремето од 2-3.
Во второто полувреме екипата на Гранит беше настојчива и решена да се врати во натпреварот. Играше отворен фудбал со фокус во нападот, но LC Waikiki благодарение на одличните одбрани на голманот Реџепи успеа да ја сочува предноста и стигна до победа на овој натпревар од 2-5.