LC Waikiki ја задржи предноста од првото полувреме и славеше над Фабрика Карпош

LC Waikiki 6-3(6-2) Фабрика Карпош

LC Waikiki: Муаз Салихи 8’ 14’ 17’ 19’ 20’ Џемаил Рамадани 12’
Фабрика Карпош: Филип Илиевски 1’ Оливер Бошковски 18’ Лазар Божиков 25’

Одличен почеток за екипата на Фабрика Карпош во дуелот со LC Waikiki тие уште во првата минута од натпреварот преку Илиевски успеаа да поведат со 0-1. Екипата на LC Waikiki успеа да ги консолидира своите редови и преку Салихи и Рамадани успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт. Екипата на Фабрика Карпош имаше одлична игра но слаба завршница што противникот го искористи за на полувремето да замине со предност од 6-2. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош вршеше силен притисок кон голот на LC Waikiki но имаше слаба реализација. Екипата на LC Waikiki одлично ја постави играта во одбраната и успеа да го издржи притисокот и задржи предноста од полувремето. До крајот на натпреварот екипата на LC Waikiki ја задржи предноста не дозволи Фабрика Карпош резултатски да се врати во натпреварот и на крајот славеше со 6-3.