Лукоил со одлично второ полувреме до победа над Алкалоид

Алкалоид 3-4(1-0) Лукоил

Алкалоид: Денис Славковиќ 17’ Дарко Стевков 28’ Стефан Димовски 30’
Лукоил:Дејан Зиков 21’ Мартин Алаѓозовски 31’ 33’ Александар Аврамовски 36’

Првата фаза од натпреварот помеѓу екипите на Алкалоид и Лукоил одмина во испитување на силите, играта се одвиваше на средината од теренот со многу борбеност од играчите на двете екипи. Двете екипи не ризикуваа во фаза на напад и како да чекаа грешка на противничката одбрана, во 17та минута екипата на Алкалоид успеа да искористи кикс на одбраната на Лукоил и да постигне погодок со кој се замина на полувремето. На стартот од второто полувреме со одличен потег Зиков успеа да донесе израмнување за екипата на Лукоил, по овој примен погодок екипата на Алкалоид како да доби мотив и тргна жестоко кон противничкиот гол што резултираше со два погодоци и водство од 3-1. Екипата на Лукоил не се откажуваше од натпреварот и со чести ротации на играчи успеа да ја врати вистинската игра која во 33та минута им донесе израмнување, неколку минути подоцна и целосен резултатски пресврт и победа од 3-4.