Шампионот Лукоил на колена пред Еуро Табак

Еуро Табак 4-2(2-1) Лукоил

Еуро Табак:Никола Зафировски 11′ 23′ Дејан Јанковски 5′ 29′
Лукоил: Маријан Цветковски 10′ Љупчо Апостоловски 23′

Екипата на Еуро Табак одлично го отвори дуелот против екипата на Лукоил, со одличен погодок преку Јанковски во 5та минута. По ова екипата на Лукоил ја превзеде иницијативата и створи неколку одлични шанси за погодок, во 10та минута со одличниот погодок на својот голман Цветковски успеа да го израмни резултатот. Екипата на Еуро Табак веќе во следниот напад успеа да реализира еден контра напад за водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше повеќе од играта и вршеше силен притисок кон голот на Еуро Табак, но екипата на Еуро Табак одлично ја имаше поставено својата игра во одбраната и успеа да ја сочува својата мрежа мирна и да замине на полувремето со предност од 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Лукоил успеа да постигне погодок за израмнување, но екипата на Еуро Табак имаше брз одговор и веќе во истата минута успеа повторно да ја врати резултатската предност. Екипата на Лукоил со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но вредно е да се напомене дека екипата на Еуро Табак на својот гол го имаше расположениот Поповски кој имаше одлични интервенции и и донесе победа на својата екипа со резултат од 4-2.