TАВ со одлична реализација до победата над Кромберг и Шуберт

Кромберг и Шуберт 2-9(1-4) ТАВ

Кромберг и Шуберт: Милан Тодоровски 40’ Љупче Стефановски 7’
ТАВ: Сабри Лесковица 14’ Јованче Видински 39’ Ивица Продановски 2’ 35’ Сеат Демири 3’ 16’ 21’ 25’ 31’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Кромберг и Шуберт и ТАВ, двете екипи во овој дуел влегоа ефикасна и цврста игра. Екипата на ТАВ уште од самиот старт во своите редови внесе голман играч тактика што се покажа како ефикасна и им донесе рано водство од 0-2. Екипата на Кромберг и Шуберт во 7та минута преку стефановски успеа да дојде до само гол негатива при резултат од 1-2, и да атакува на израмнување. Сепак до паузата екипата на ТАВ продолжи со одлична игра и замина на полувремето се предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи со одличната игра и добрата реализација и од минута во минута го зголемуваа своето водство. Екипата на Кромберг и Шуберт се обиидуваа со голман играч резултатски да се вратат во натпреварот но ТАВ не го дозволуваше тоа па со цврста одбрана и берзи контра напади успеа да ја осигура победата. Екипата на ТАВ имаше своја вечер па на крајот од овој дуел славеше со убедливи 2-9.