LC Waikiki 5-9(5-4) ЕЛЕМ

LC Waikiki: Ергин Алими 4’ 5’, Фуркан Фетаи 12”, Муаз Салихи 12”, 14
ЕЛЕМ: Душан Спасеноски 6” 8” 10” 21”, Шкиприм Руфати 6” 24” 30”, Владе Јанакиевски 28”, Александар Николовски 38”

Експлозивен старт на натпреварот прикажаа екипите на LC Waikiki и ЕЛЕМ во меѓусебниот дуел. И двете е настапија максимално мотивирани уште од стамиот старт. Тоа се одрази на oдличната игра во предно поле проследена со беспрекорна реализација и од двете страни. Натпреварот го отвори LC Waikiki со два последувателни гола во 4” и 5” преку Алими со што дојде до рано водств од 2-0. Но ЕЛЕМ не губеше време, притисна во предно поле, и преку одличната реализација на дуото Спасеноски – Руфати го превзема водството од LC Waikiki на 2-4. Во пееостанатиот дел од првото полувреме кај LC Waikiki проработе дуото Фетаи – Салихи кои до 14” со три гола во низа го донесоа водството повторно на страната на LC Waikiki, резултат на полувремето 5-4.
Со гол во првата минута од второто полувреме Спасеноски кај ЕЛЕМ го израмни резултатот на 5-5. За не помни три минути на Спасеноски му се придружи соиграчот Руфати со маестрален потег и гол за водство на ЕЛЕМ од 5-6. Во понатамошниот дел од натпреварот екипата на ЕЛЕН продолжи со одличната игра и до средината на второто полувреме стигна до предност од 5-8. LC Waikiki и покрај бројните шанси во второто полувреме не успеа да реализира погодок, па ЕЛЕМ во 38” преку Николовски стигна до водство од 5-9 за победа на овој натпревар.

November 10, 2025
LC Waikiki 5-9(5-4) ЕЛЕМ LC Waikiki: Ергин Алими 4’ 5’, Фуркан Фетаи 12”, Муаз […]